еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно се 19: Во кои објекти во Македонија се носат во државен карантин повратниците од странство

Во моментов 19 објекти се приспособени за државен карантин, а распоредот за сместување на граѓаните го прави Генералниот сeкретаријат на Владата.

Според податоци на Министерството за внатрешни работи од вчера, вкупно 1.082 граѓани се сместени во државен карантин, а според најавите од Министерството за надворешни работи се очекува враќање од странство на околу 3.000 македонски граѓани.

Во државен карантин одат повратниците од странство, на сметка на државата, но и лицата кои нема да ја почитуваат препораката за самоизолација, на нивна сметка.

Како државен карантин моментално се користат или ќе се користат: хотелот „Десарет“ во Охрид, Детското одморалиште во Демир Капија (фото), хотелот “Фламинго“ во Гевгелија, хотелот “Ибис“ во скопско Тафталиџе, хотелот “Широк сокак“ во Битола, хотелот „Монтенегро“ кај Велес, „Молика“ на Пелистер, „Арена Тетекс“ на Попова Шапка, хотелот „Цар Самоул“ во Банско, Струмица…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Најголем дел од новозаразените со коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

37 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани од надвор

Расте бројот на здравствени работници со коронавирусот, 16 се заразиле во болница

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Фото: МТИС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Ковачевски и Петков со државниот секретар на САД, Блинкен

Редакција

(Фото) Сојузот на стопански комори го прослави 18 роденден

Редакција

Ципрас: Ако нашите соседи го отфрлат договорот од Преспа ќе нема друга алтернатива за влез во ЕУ и НАТО

Редакција