еМагазин
Image default
Македонија

Средба на Ковачевски и Петков со државниот секретар на САД, Блинкен

Премиерот Димитар Ковачевски, покрај учеството во активностите на официјалната програма на Минхенската безбедносна конференција, на маргините на настанот на кој учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и голем број министри и претставници на меѓународни организации и мултилатерални асоцијации, се сретна и размени мислења со повеќе високи претставници на земјите учеснички на конференцијата, информираат од Владата.

Како што информира владината прес-служба, премиерот Ковачевски, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков имал срдечна средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на потпретседателката на САД, Камала Харис.

Во разговорот државниот секретар Блинкен ја изразил својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Македонија и Бугарија и ја споделил својата искрена желба да не види заедно во ЕУ. Блинкен истакнал дека САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците.

На конференцијата во Минхен, премиерот Ковачевски се сретнал и со премиерот на Обединетото Кралство, со кој заеднички оцениле дека сојузништвото во НАТО е силен влог за безбедноста и стабилноста на Европа.

За време на средбата премиерот Борис Џонсон истакнал дека како наш стратешки партнер во евроинтеграциските процеси, Обединетото Кралство ќе продолжи со силна меѓународна поддршка и му честитал на премиерот Ковачевски за сите заложби на Владата на Македонија за спроведување конструктивен дијалог со Софија, кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за интеграција во ЕУ, велат од Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Заев-Гаши: Има напредок во преговорите, но се уште нема договор за влез на Алтернатива во Владата

Редакција

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Редакција

Филипче: Итно да се санкционираат забавите без мерки за заштита

Редакција