еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Заев-Гаши: Има напредок во преговорите, но се уште нема договор за влез на Алтернатива во Владата

На средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се и идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, информираат од Владата во соопштение за денешната четиричасовна средба на Заев и Гаши што се одржа во Клубот на пратениците.

Заев и Гаши, со своите тимови, имаа нова работна средба во рамки на разговорите за можно формирање заедничка Влада и заедничко парламентарно мнозинство.

Разговорите, како што стои во соопштението, продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.

-Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада, која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

И лидерот на Алтернатива, Гаши во куса изјава по средбата кажа дека има напредок и оти следат консултации во партиите.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 245.231 граѓани: 54% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Германија ја класифицира Македонија подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 3 нови хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 48

Редакција