еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Порталот Сакам да кажам објави дека законските измени на Кривичниот законик, кои вчера експресно беа изгласани во Собранието, а со кои се намалуваат казните за функционерите е “пазар“ со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој доби амнестија во Унгарија, каде што избега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Собрание експресно изгласани измените на Кривичниот законик за помали казни за функционерите

„Сѐ е договорено и затоа молчат дури и меѓународните фактори. Договорот оди доминантно преку избеганиот Никола Груевски, тој ги обезбедува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе треба да стиснат зелено копче за уставните измени.

Логично, од ова спуштање на затворските казни, за кое се бори со години ВМРО-ДПМНЕ, полза имаат само обвинети или осомничени структури од оваа партија.

Од СДСМ и од ДУИ уште нема обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за злосторничко здружување, тоа би било евентуално кога би ја изгубиле власта.

Овој договор со ВМРО-ДПМНЕ и со Груевски траеше извесно време и затоа премиерот Димитар Ковачевски цело време спокојно тврди: ’Уставни измени ќе има’!”, тврдат за СДК соговорници од власта.

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банки или лихвари: Просечната камата за штедење 1,39%, а за кредити 6,17%

Редакција

Апликацијата МојДДВ достапна и за корисниците на Ајфон, еве од каде да ја преземете

Редакција

Две лица позитивни на корона вирусот во градинки во Скопје и Куманово

Редакција