еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сите сте знаеле за криминалот на Онкологија, а ништо не сте направиле, замолчете!

Се уште нема ништо конкретно од предистрагата на Јавното обвинителство за наводите за криминал на Клиниката за онкологија, кои ги вознемирија и исплашија граѓаните, но затоа секој ден сме бомбардирани со изјави на политичари и од власта и од опозицијата дека знаеле за тоа, некои дури и со децении, преупредувале, незнам што, ама сума сумаром ни еден од нив не направил ама баш ништо за да го спречи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе лица се под посебни истражни мерки за случајот со Онкологија, откри Спасовски

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

Политичарите ако толку биле загрижени што се случува на оваа Клиника, но и на другите (само еден Бог знае што па таму се случувало/случува), ќе организираа протести, блокади на патишта, ќе се врзеа околу Клиниката, ќе штрајкуваа со глад…

Ееее, цела палета на начини за протест им е на располгање, знаат сите многу убаво кога истите за лична потреба да ги употребат.

Затоа најдобро е сите да замолчат, да не ставаат дополнително сол на раните на погодените граѓани и да ги потсетувате колку не ги бива. Оваа е злосторство за кое сте одговорни сите!

А на неспособните институции еве им одлична шанса да си го обелат образот, кога веќе сите дознавме за криминалот и нечовечките случувања на Клиниката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот директор на Онкологија, Васев, кој се суди за пациент кој починал, откако не му препишал лек

На поранешниот директор на Онкологија, Васев му се суди за пациент кој починал откако 3 месеци не му бил препишуван лек за тумор

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Политичките лидери кај Пендаровски се договорија дека за Македонија нема друг пат, освен ЕУ

Редакција

Доктор Беќаровски предлага сите ученици пред стартот на учебната година да се тестираат за антитела на Ковид-19

Редакција

Новинарот Салиу го носел пиштолот бидејќи секој ден одел на стрелиште, вели тој

Редакција