еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе лица се под посебни истражни мерки за случајот со Онкологија, откри Спасовски

Секој еден кој бил инволвиран, без разлика на позиција, ќе одговара. Посебен тим од Крим полиција работи во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО), направен е целосен план во однос на постапување и интензивно се работи на прибирање на информации, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со Клиниката за онкологија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

– Мислам дека лично не би требало да почнувам со клише за тоа што се случува, нема збор што може да ја опише самата помисла во однос на случките на Клинка за онкологија. Најблаго кажано, сметам дека се изгубила човечката димензија, ова се состојби коишто во континуитет подолг временски период траеле.

Вие знаете дека имаше неколку пати јавни написи, имаше одредени пријави кои беа доставувани до МВР, до ОЈО, и тоа беше основната причина за која што се отвори предмет во ОЈО и веќе се преземаат процесни дејствија, рече министерот Спасовски во гостување на ТВ21, додавајќи дека мора да се истера до крај и да се анализираат сите аргументи.

Тој дополни дека во моментов не може да се зборува за конкретни информации.

– Конкретноста на информациите не можеме да говориме и да откриеме сега, не смее да се влијае на постапката, се со цел да не се руши еден дел од доказната постапка, пред сѐ во смисла на сведоци.

Постојат постапки и процедури, бројот на лица со посебни истражни мерки (ПИМ) е поголем и тоа е засега што може да се соопшти во јавноста. Виновниците имаат име и презиме и тие мора да бидат утврдени, истакна министерот Спасовски.

Нагласи дека сите инволвирани ќе одговараат, без никаква толеранција кон нив.

– Ваков чин на злосторство, нехуманост, нечовечко однесување, од било кого да е направено, нема да има никаква толеранција. Тоа е основата која ја имаме во работењето со ОЈО и тука нема да има пардон за никого. Се случувале 20 години вакви настани, имало индиции многу пати до сега, но сега е дојден моментот да се расчистува со корупција и за тоа ги преземаме сите чекори и мерки кои стојат на располагање.

Секој еден кој бил инволвиран без разлика на позициите кои ги имале, ќе биде дел од процесот и ќе носи одговорност, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

Што објавија медиумите за наводите за криминал на Онкологија

Денеска протест пред Владата и Министерството за здравство за наводите за криминал на Онкологија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои се 248. лица што донираа 200.000 евра за кампањата на Гордана Силјановска Давкова?

Редакција

Верските лидери треба да обезбедат редарски служби за Велигден и Рамазан Барјам

Редакција

Убава вест: Оздравени 973 болни од Ковид-19

Редакција