еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија, и во тој контекст информираат дека веќе се издадени соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите, како и дека истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија, информираат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Клиниката за онкологија и од два стана во Скопје одземени и дадени на вештачење компјутери и документација

– Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата.

Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност.

Во истиот момент кога за конкретно лице ќе бидат обезбедени доволно докази за основано сомнение дека сторило кривично дело, Обвинителството ќе ја информира јавноста, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што објавија медиумите за наводите за криминал на Онкологија

Од таму, исто така, посочуваат дека во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните недели, нагласувајќи дека во тоа целосно соработуваат и помагаат и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

– Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Целата постапка од првиот момент се води максимално транспарентно и со почитување на сите законски процедури, се вели во соопштението.

Во него се посочува „дека се свесни за чувствителноста на оваа тема за огромен број засегнати граѓани, но апелираат на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице.“

– Ширењето на непроверени информации и нарушувањето на пресумпцијата на невиност може сериозно да наштети на постапката и да ги одврати сведоците да соработуваат.

Јавното обвинителство ги охрабрува сите оние кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи, информираат од Обвинителство.

Воедно потсетуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка.

-И последните наводи ќе бидат детално проверени, а за сите резултати од преземените дејствија јавноста ќе биде веднаш известена, се потенцира во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски повика да се казнат виновниците за случувањата на Онкологија

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

Денеска протест пред Владата и Министерството за здравство за наводите за криминал на Онкологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Златев за обвинението за одавање службена тајна: Информациите беа од јавен интерес

Редакција

(Вознемурувачки видеа) Снимки од нападот на болницата во Газа

Редакција

Ганка Цветанова: Како да има датум за преговори кога вицепремиер индиректно се заканува со дестабилизација

Редакција