еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција се подготвува за неколкудневно невреме со обилен дожд, град, силен ветер и молњи

Државниот механизам е во готовност, а доколку е потребно ќе биде активиран и бројот 112 за итни случаи за предупредувања на граѓаните, вели министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, Василис Кикиљас во пресрет на најавеното невреме што ќе зафати повеќе делови на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во надлежното Министерство вчера беше одржан вонреден состанок откако Националната метеоролошка служба издаде вонредно предупредување за обилни врнежи од дожд и невреме придружено со град и голема фреквенција на молњи, со засилен ветер и забележлив пад на температурата.

Најмногу дожд се очекува во централна Грција, во северниот дел на островот Евија и на Пелопонез.

Министерот Кикиљас на состанокот истакнал дека целиот механизам за цивилна заштита е во состојба на готовност и ја нагласил потребата сите да бидат целосно подготвени, за да може да се преземат неопходните превентивни мерки и да има навремено справување со сите проблеми што би настанале поради невремето.

Паралелно било одлучено и да се активира бројот 112, доколку е потребно, за да се испраќаат предупредувачки пораки до жителите на одредени области во зависност од текот на временските појави.

Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи упатија препорака до граѓаните да бидат внимателни, да ги следат упатствата на надлежните и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита.

МИА/Фото: eМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев бара Јанева, Боки 13, Владата, Обвинителството и СЈО да му вратат 1,5 милиони евра

Редакција

(ВИДЕО) Албански ученици во училиште прават мапа на „Голема Албанија“

Редакција

Тројца починати и 65 нови случаи на Ковид-19

Редакција