еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Востоличувањето на митрополитот Крушевски и Демирхисарски Јован, условен со неприсуство на Бигорското монашко братство

Востоличувањето на новиот Митрополит Крушевски и Демирхисарски, Неговото Високопреосвештенство г. Јован се случи во храмот „Св. Николај Чудотворец“ во Крушево.

Востоличувањето беше извршено на Светата Архиерејска Литургија на којашто чиноначалствуваше Митрополитот г. Јован, кому му сослужуваа Високопреосветените Митрополити: г. Петар Преспанско-пелагониски, г. Јоаникиј Црногорско-приморски и г. Григориј Кумановско-осоговски, Преосветените Епископи: г. Пахомиј Врањски, г. Јоаким Дељадровско-илинденски, г. Марко Делчевско-каменички, г. Давид Дремвицки, г. Климент Хераклејски и г. Јаков Стобиски, како и јеромонаси и свештеници.

„Нашето монашко братство, возглавено од Старецот Епископ Антаниски г. Партениј, Му благодари на Бога и искрено се радува за братското помирување со почитуваниот Архиереј Христов г. Јован, а нему му упатува најтопли благопожелби за успешна и плодоносна работа со доверената му паства на нивата Господова, за слава Божја и за радост на Црквата православна.

Накрај, уште еднаш срдечно и јавно му се заблагодаруваме на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Јован за љубезната покана да земеме учество во чинот на неговата интронизација.

За жал, и покрај нашиот потврден одговор, бевме спречени да отидеме во Крушево, бидејќи од необјаснети причини, целиот чин на востоличување беше условен со нашето неприсуство.

Се прашуваме која е потребата да се поттикнува раздор и да се создаваат спротивставени табори на самоповикани „патриоти“ и измислени „предавници“, кога сите ние сме дел на едното Телото Господово.

Според кои канони и според која традиција се оправдуваат и не се подведуваат на опомена, па и санкција, ваквите дејанија? Но, нека добриот наш Бог се смилува врз сите и нека ни го испрати духот на разумот, на вистинското помирение и на единството во името Негово,“ велат од Бигорски манастир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА

фото: bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог до Владата: Полицискиот час да почнува на полноќ, угостителите да работат до 23.30 часот

Редакција

Романски државјанин спасен преку бројот 112 во соработка на македонските и грчките служби

Редакција

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

Редакција