еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Макрадули проблемот е што тебе не те знаат, Борко Ристовски сите го знаат

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, се „потресе„ дека медиумите објавиле дека за време на расправата за аерозагадувањето во Собрание, „дремнал“, а тој всушност читал.

И не само тоа. На социјалните мрежи напиша дека и на некои медиуми им сметал неговиот план за чист воздух, па го „местат“. Навистина?

Ок, еве не дремнал за време на расправата.

Ама што правел 1,5 година откако е на оваа позиција, имајќи го во предвид фактот колку сериозен проблем е загадувањето, а не чувстуваме на сопствена кожа дека нешто се променило.

Со сигурност знаме дека лани во септември и тој протестираше против загадувањето како заменик-министер, заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој тогаш беше кандидат за градоначалник.

Самите заклучите против кој тоа они протестираа.

Супер што во меѓувреме работел и на план за чист воздух. Сега уште истиот да се реализира. А од искуство знаеме што следи кога власта ќе донесе некаков план или ќе формира комисија.

Едвај чекаме да видиме како и за што со неговите колеги од секторот ќе ги потрошат смешните 1,5 милион евра, кои се предвидени за борбата против загадувањето, во години кога илјадници граѓани умираат како резултат на загадувањето, а во меѓувреме со Буџетот за 2019 година имаме рекордна сума за плата за администрација од фантастични за наши услови – 461 милиони евра, која наместо да се намалува расте со брзината на светлината.

Додека го чекаме чистиот воздух, еве нема да го „чепкаме“, за да не се лути, да не му правиме стрес во работењето.

П.С. Макрадули во изјава за Фокус рече дека не го знаел ракометарот Борко Ристовски, кој како и многу други граѓани на социјалните мрежи коментираше за однесувањето на Шилегов и Макрадули на расправата во Собрание. Господине Макрадули, проблемот е во тоа што Вас не Ве знаат во јавноста, а и покрај тоа што со децении сте во политика, не Ве паметат ама баш по ништо. А Борко го знаат сите. Многу луѓе ќе ги паметат неговите одбрани и како го бранеше дресот на македонската ракометна репрезентација. Пребарајте на Гугл кој е Борко. Нели сте ИТ инжинер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борко Ристовски за Макрадули и Шилегов: Срамота и брука!

Макрадули: Никој не може повеќе да ја сака ќерка ми од мене, ви гарантирам воздухот ќе биде чист

(ВИДЕО) Шилегов на расправата за аерозагадувањето во Собрание си играше игричка на мобилниот

Фото: Фејсбук/Ристовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Плодните земјоделски земјиште не смеат да служат за производство на струја, велат од „Еко-свест“

Редакција

Европа двојно го намали увозот на гас и нафта од Русија, го зголеми од САД и Велика Британија

Редакција

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“

Редакција