еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европа двојно го намали увозот на гас и нафта од Русија, го зголеми од САД и Велика Британија

Пред нападот врз Украина, Европска Унија увезувала помеѓу 26 и 7,6 отсто од вкупниот увоз на енергија од Русија, соопшти Евростат.

Помеѓу првиот и вториот квартал, увозот на енергија, пред се на гас и нафта, е драстично намален, а трендот на намалување продолжи и во третиот квартал.

Севкупно, од првиот до третиот квартал, уделот на руската енергија во увозот од ЕУ се намали од 25,5 на 15,1 проценти или за 6,1 милијарди евра.

Во исто време, порасна увозот на енергија од САД и Велика Британија.

Во вториот квартал увозот на енергија од овие две земји го надмина увозот од Русија за 1,4 процентни поени. До третиот квартал, разликата се зголеми на 4,8 процентни поени.

Во периодот од јули до октомври, увозот на енергија од САД изнесува 12,2 отсто од вкупниот увоз на енергија во ЕУ, додека увозот од Велика Британија достигна 7,7 проценти, објави Евростат.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата конечно го објави „францускиот предлог“ и на македонски јазик

Редакција

На граничниот премин Ново Село нема поголема фреквенција на возила и патници

Редакција

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Редакција