еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На поранешниот директор на Онкологија, Васев му се суди за пациент кој починал откако 3 месеци не му бил препишуван лек за тумор

Додека Јавното обвинителство ги истражува случувањата на Клиниката за онкологија, кои предизвикаа лавина од негативни реакции во јавноста, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев е на обвинителска клупа за друг случај од 2021 година, кој се однесува за пациент кој починал откако три месеци не му бил препишуван лек за малиген меланом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството веќе води три постапки за кражба на лекови и поткуп на Онкологија

Денешното рочиште за овој случај, како што пренесува телевизијата Телма се одложило затоа што ниту еден од тројцата повикани сведоци не се појавил.

Според обивнението, на пацинет со дијагностициран малиген меланом кој требало веднаш да се лекува, Васев како директор на Онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол сами да си набават лекови од соседна држава. Пациентот починал во јануари 2019, пренесува телевизијата.

Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор, туку за лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори, Игор Стојковски и Марија Симоновска.

Судењето е во доказна постапка во фаза кога одбраната ги предлага своите докази и сведоци. По тоа следуваат завршни зборови и пресуда, пренесува телевизијата Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

Што објавија медиумите за наводите за криминал на Онкологија

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поскапуваат до 1,5 денари

Редакција

„Медена земја“ ја менува историјата на „Оскарите“ и на светската кинематографија

Редакција

Македонија да покаже европска зрелост им кажал Радев на Макрон и Штајнмајер

Редакција