еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.170: Нови 53 лица заразени со коронавирусот, најмногу во Скопје

Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Македонија изнесува 1.170.

“По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово“, велат од Министерството.

Согласно ова, последната дистрибуција по градови е: Скопје – 401, Куманово – 320, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –112, Тетово – 52, Струга – 55, Велес – 55, Битола –17, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2.

“Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку Институт за јавно здравје –493, преку Ветеринарен ф-тет -15 , Авицена –8, Биотек –0  и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода  – 61.

Досега во земјата се направени вкупно 11.556 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера  е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.

Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Излекувани уште 25 лица заразени со коронавирусот

Коронавирусот не се пренесува преку амбалажа од храната

Убава вест: Децата и родителите хоспитализирани на хемато-онколошкото одделение негативни на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првачињата од септември ќе учат по новите наставни програми

Редакција

Бројот на жртви во земјотресот во Сирија и Турција надмина 8.400

Редакција

Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ

Редакција