еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Случајот Навални ја тресе светската јавност: Неговата докторка тврди дека е отруен и бара увид во лекувањето

Сите светски медиуми со големо внимание го следат случајот со рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој се наоѓа во кома откако, според тврдењата на неговиот тим, бил отруен при пијење чај на аеродром.

Алексеј Навални е отруен од непозната супстанца и е во кома, изјави вчера неговата лична докторка Анита Василева, барјаќи увид во неговото лекување.

Таа реагира откако беше соопштено дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални нема да може итно да биде транспортиран на лекување во Берлин.

Лекари во болницата во Омск сметаат дека 44-годишникот засега не смее да се транспортира.

Неговата состојба за тоа не е доволно стабилна, изјави главниот лекар Александер Мураховски денеска пред новинарите.

„Се’ уште не можам да дадам прогнози“, рече лекарот.

Според наодите на лекарскиот тим во Омск во телото на критичарот не е пронајдено смртоносно средство.

Но, неговата докторка Василева бара увид во документацијата и бара одговор дали била спроведена постапка за итна детоксикација на неговата крв.

Опозицијата во Русија обвинува дека станува збор за класичен обид за ликвидација од школото на претседателот Владимир Путин, кој некогаш и самиот бил агент на руските тајни служби.

Познатиот шахист и дисидент Гари Каспаров не се сомнева дека самиот Путин стои зад труењето на неговиот политички опонент Алексеј Навални.

Тој синоќа објави серија твитови за тоа.

„Труењето на Алексеј Навални уште еднаш докажува дека атентатите се дел од политиката на Путин – во Русија и во странство. Не сакам да слушам никакви глупости за тоа дали Путин знаел или за одметнати елементи.

Путин не го интересира како тоа изгледа, тој е заинтересиран за тоа дали методот функционира. А очигледно смета дека функционира затоа што упорно продолжува да го применува“, коментира Каспаров на „Твитер“.

Неколку западни земји како Германија и Франција веќе понудија Навални да се лекува во нивните болници.

Индикативно е тоа што, случајот Навални доаѓа во период кога има големи протести во Белорусија, каде што прв пат по 26 години е сериозно размрдана фотељата на Александар Лукашенко. Тој обвинува дека протестите се масло на Западот.

Фото/Видео:Youtube/Guradian news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за набавка на струја вреден 607.000 евра

Редакција

Листа должници на УЈП: Познати бизнисмени, фудбалски клубови и општини должат милиони неплатен данок

Редакција

Најнови податоци од ДИК: „За“ гласале 605.016 лица, а „против“ 37.312 лица

Редакција