еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Децата и родителите хоспитализирани на хемато-онколошкото одделение негативни на Ковид-19

По најавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека се прават тестирање на коронавирусот на сите деца кои се хоспитализирани на хемато-онколошкото одделение, како и на нивните родители кои престојуваат со нив за време на лекувањето, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и резултатите на децата и родителите се негативни на Ковид-19.

Превентивно, најавуваат од Универзитетска Клиника за детски болести, ќе се направат и тестови на сите вработени од хемато-онколошкото одделение каде нема заболени или суспектени на вирусот, а по добивањето на резултатите од истите, Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје дополнително ќе информира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирусот не се пренесува преку амбалажа од храната

Најголем број од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

33,8% од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Детален преглед: Во Куманово починати 13, во Скопје заразени 388 лица со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 389 случаи на Ковид-19 и четири починати лица

Редакција

(ВИДЕО) Девојка се удави во Вардар кај Гостивар, се трага по маж кој се обидел да ја спаси

Редакција

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Редакција