еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во последните три дена 389 случаи на Ковид-19 и четири починати лица

Во последните три дена (од 26.08 до 28.08.2022 година), регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19 од направени 1.561 тестови, пријавени се вкупно четири починати лица, две преку системот „Мој термин“ и две во последните три дена, евидентирани се и 698 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните 389 случаи, од Скопје се 205, Битола – 34, Охрид – 22, Куманово – 20, Прилеп – 14, Кавадарци и Делчево – 11, Тетово – 10, Кочани – 8, Велес – 7, Штип – 6, Гостивар – 5, Кичево, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Берово – по  4, Ресен и Богданци – по 3, Струмица , Радовиш и Дебар – по 2, Струга, Виница, Крушево  и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број позитивни регистрирани се 94 реинфекции.

Од 698 оздравени пациенти, од Скопје се 335, Битола – 54, Куманово – 37, Кавадарци – 35, Прилеп, Охрид и Гевгелија – по 20, Тетово – 17, Кочани – 16, Неготино – 15, Штип и Берово – по 14, Струмица – 12, Гостивар – 11, Велес и Радовиш – по 10, Богданци – 7, Кичево и Струга – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Демир Хисар – 4, Валандово – 3, Ресен, Дебар, Крушево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Никопе и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите три дена, пријавени се две починати лица, од Скопје (79г и 85г). Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, регистрирани се две  починати лица од Скопје (76г) и Кичево (63г), кои починале во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 18.08.2022-22.08.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 339,881, бројот на оздравени пациенти е 328.478, на починати е 9.477, а бројот на активни случаи изнесува 1.926.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител, Канал 5 и Телма, најгледани телевизии лани

Редакција

Кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата

Редакција

Филипче: Ќе предложиме од утре да се санкционира неносење заштитна опрема

Редакција