еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Трајче Пеливанов, кој привремено ќе ја замени Вилма Русковска

Советот на јавни обвинители го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на суспендираната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Пеливанов избран за времена замена на Русковска

Како што информираа од Советот тој нема да биде класичен вршител на должноста, туку е определен колку во меѓувреме да може да прима пошта, да потпишува, да подигне плата…, што е законски регулирано во член 9 за Совет на јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Трајче Пеливанов, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Кој е Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, минатиот април, Пеливанов беше дел до тимот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години, во периодот од 2015 до 2019 година.

Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.

Има обвинителски стаж од 11 години.

Откако дојде во Обвинителството со кое раководеше Русковска, тој беше обвинител во случајот за невладината на Бојан Јовановски, “Меѓународен сојуз”, заедно со својот колега од СЈО, обвинителот Артан Ајро, беше обвинител во случајот „Трезор“, кој се однесува на начинот на набавка на британска опрема за следење на комуникациите, кој го отвори СЈО, заедно со обвинителката Ленче Ристоска, беше обвинител и во случајот “Таргет-Тврдина“, основниот од аферата со масовното нелегално прислушување, кој се однесува на следењето на комуникациите и на уништувањето на опремата од некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање, кој исто така го отвори СЈО…

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавена снимка од безбедносна камера која покажува како Алабаковски го запали бугарскиот клуб во Битола

Редакција

(Фото) Катица преку ден на работа кај синот, навечер е во затвор

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во Тетово, сите хоспитализирани на кислородна поддршка

Редакција