еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите

Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата кино авантура. Од 1. ноември, петок, со почеток во 20 часот, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Киноверзум“ а наскоро доаѓа и во другите градови низ Македонија.

„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси.

Режијата е на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев.

Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин.

Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.

Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Филмот кој е најголемиот анимациски копродукциски проект на Балканот, е изработен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на фестивалите „Ситџес“ во Шпанија, „Киненова“ во Македонија и „Мостра Сао Паоло“ во Бразил.

Билетите во „Синеплекс“ се пуштени во продажба.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД

Редакција

(ВИДЕО) Здравствените работници порачуваат: И ние сакаме журки и забави, но да прославиме во кругот на семејството

Редакција

(Видео) Грчката полиција застрела во глава 16-годишно момче оти не платило сметка од 20 евра за бензин

Редакција