еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕБИТДА на ОКТА во првите девет месеци годинава достигна 336 милиони денари при пад на цените на нафтата и зголемени трошоци

ОКТА ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година со ЕБИТДА која изнесува 336 милиони денари и добивка пред оданочување од 151 милион денари, информираа од таму.

Иако извозната продажба се зголеми за 12%, пониските меѓународни цени на нафтата и зголемените оперативни трошоци влијаеја на резултатите, посочуваат од таму.

К3 2024 година К3 2023 година % разлика (во милиони денари) 9M 2024 година 9M 2023 година % на разлика
11.819 13.674 -4% Приходи од продажба 34.359 36.136 -5%
194 532 -64% Бруто маржа 637 916 -30%
155 158 -2% Оперативни трошоци 473 464 2%
95 430 -78% ЕБИТДА 336 615 -45%
37 305 -88% Добивка пред оданочување 151 349 -57%
32 274 -88% Нето добивка 131 311 -58%
246 172 43% Чиста ЕБИТДА* 503 620 -19%

*Прилагодена на ефектот на залихите

-Приходите од продажба достигнаа 34.359 милиони денари, што е намалување од 36.136 милиони денари остварени во истиот период претходната година. Бруто маржата се намали за 30% споредено со истиот период минатата година и изнесува 637 милиони денари, пред сè поради падот на цените на нафтата.

Во третиот квартал од 2024 година, обемот на продажба се зголеми за 2% споредено со истиот период минатата година изнесувајќи 332.000 м³, поттикнат од зголемената продажба на домашниот пазар за 6%.

Меѓутоа, падот на цените на нафтата влијаеше негативно на вреднувањето на залихите, намалувајќи ја бруто маржата за 64% и ЕБИТДА-та за 78% споредено со истиот период минатата година.

Прилагодената ЕБИТДА ги надмина минатогодишните нивоа за 43%, поддржана од зголемената  продажба на домашен пазар, чисти маржи (без ефект од вреднувањето на залихите) и пониските оперативни трошоци.

Во третиот квартал од 2024 година, компанијата изврши откуп на 10% од сопствените акции, покажувајќи доверба во нивната долгорочна вредност и посветеноста на своите акционери, велат од таму.

ОКТА во истиот период инвестираше 44 милиони денари во проекти за обновлива енергија, како фотоволтаичната централа од 12 мегавати која треба да почне со работа до крајот на годината.

-Ваквите инвестиции ја потврдуваат посветеноста на ОКТА на обновливите извори на енергија, намалувањето на емисиите и одржливиот економски раст.

ОКТА ја покажа својата непоколеблива посветеност на заедницата преку поддршка во време на вонредни ситуации. Компанијата обезбеди специјална опрема за гаснење пожари на непристапни терени за Територијалната противпожарна единица во Свети Николе во екот на беснеењето на еден од најголемите и најактивните пожари во земјата ова лето.

Покрај тоа, ОКТА потпиша и Меморандум за соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за спроведување на едукативни работилници за безбедност во сообраќајот во основните училишта, како и за отпочнување на онлајнкампањата „Каде брзаш?“ со цел да се подигне јавната свест за подобрување на сообраќајната култура.

Дополнително, ОКТА инвестираше во дигитализација на единствените мотори во државата за тестирање на цетанските и октанските броеви кои што се наоѓаат во лабораторијата на компанијата, воедно прва акредитирана лабораторија за тестирања од ваков вид во земјата. Оваа дигитализација ја подобрува  прецизноста и анализата на квалитетот на горивата во реално време.

Преку оваа инвестиција, ОКТА ја потврди својата посветеност на одржувањето на највисоките стандарди за квалитет на горивата, како на домашниот, така и на извозниот пазар.

Раководството на ОКТА ги приоретизира здравјето и безбедноста на своите вработени и потрошувачи, истовремено обезбедувајќи континуирано и непречено снабдување со најквалитетни нафтени деривати во земјата, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејна драма во Волково: За да си ја заштити ќерката, брат ѝ ја прободел со нож во слепоочница

Редакција

Илија Тозија од лични причини не сака да биде член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Бројот на претплатници на мобилна телефонија зголемен за 3,48%

Редакција