еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТТК Банка со добивка од 78,1 милиони денари во третиот квартал

ТТК Банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила добивка од 78,1 милиони денари, што претставува остварување коешто е за 34,2 % или 19,9 милиони денари над планираното ниво за крајот од овој период, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 117,7 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 421,2 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 303,5 милиони денари.

Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа изнесува 38,6 милиони денари, велат од таму.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката, посочуваат од таму.

-Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2024 до 30.9.2024 година изнесуваат 256,3 милиони денари и бележат пораст од 13,4 % во однос на истиот период од претходната година.

Порастот, во најголем дел, се должи на зголемените каматни приходи од секторот Банки и Финансиски институции, како резултат на повисоките каматни стапки поставени од монетарната политика на Централната банка при остварен раст и на приходите од камати од секторите стопанство и домаќинства.

Нето-приходите од камати во однос на планот за овој период се остварени со 100,7 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 125,4 милиони денари. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите одкартичното работење, кои бележат пораст, во најголем дел, заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа банкомати и зголемениот обем на работењето со картичките.

Во однос на планот, нето-приходите од провизии се остварени со 89,2 %.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 12,2 милиони денари и бележат годишен раст од 7,9 %, како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 102,5 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 13,9 милиони денари и се пониски за 66,7 % во однос на минатата година, како резултат, во најголем дел, од помалиот износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства во тековната година. Во однос на планот се остварени со 72,5 %.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 303,5 милиони денари и се за 9,8 % повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, на повисоките трошоци за плати и вработени и трошоци за амортизација. Во однос на планот се остварени со 98,7 %.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 38,6 милиони денари и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Академик Владо Камбовски останува во Надзорниот одбор на ТТК Банка

ТТК Банка со зголемена добивка во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот, му одговори Ковачевски на бугарскиот претседател

Редакција

Убава вест: 18 оздравени од Ковид-19

Редакција

Казни од 20 евра за граѓаните кои од 30. април нема да носат маска

Редакција