еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Петгодишно девојче починало на Клиниката за детски болести

Девојче на возраст од пет години починало на Клиниката за детски болести пред три дена.

Телевизијата Сител пренесе дека починало од воспаление на мозокот, а на Клиниката било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.

Првично било лекувано на Одделот за неврологија, а минатата недела состојбата ѝ се влошила и ја префрлиле на Одделот за интензивна нега, каде ѝ била направена и интубација.

Како што велат од Клиниката за телевизијата, и покрај сите напори, медицинскиот кадар не успеал да го спаси девојчето, кое развило менинго-енцефалит.

Засега нема информации каде било лекувано пред да биде донесено на Клиниката.

Од Државен санитарен и здравствен инспекторат најавија дека за случајот ќе извршат вонреден инспекциски надзор.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Завршена изградбата на браната „Конско“, водата ќе се користи и за производство на струја

Редакција

Кина нема да воведе санкции за Русија поради Украина

Редакција

За членовите на Одборот на директори на Трготекстил малопродажба лани потрошени 900 илјади денари

Редакција