еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска

Исчезнувањето на 43-годишната скопјанка Лидија Трајковска е фокусот на јавноста.

Трајковска е исчезната веќе четврти ден, а од Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа споделија детали од потрагата.

Од таму информираа дека го утврдиле движењето на Трајковска, која според семејството последен пат била видена на автобуската станица во скопското село Јурумлери.

Според МВР таа од Јурумлери се упатила по патот што води кон Драчево. На тој пат, во близина на мостот на реката Вардар, полицијата при пребарување на теренот, завчера, нашла кутија од цигари, запалка и џемпер.

Нејзиниот сопруг потврдил дека се нејзини кутијата од цигари и запалката, а за џемперот рекол дека не е нејзин.

Полицијата заедно со роднини на Трајковска и граѓани извршила и обиколки по течението на Вардар.

Во потрагата се користел и дрон, со кој се надлетувал брегот на Вардар во должина од речиси пет километри кон југ, се до селото Огњанци.

Пребарана е пошироката околина и напуштените објекти во овој реон.

Кога исчезнала Трајковска носела зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики.

Доколку ја видите јавете се на бројот 071 345 208 или пријавете во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На семејството на Лидија му барале пари за информација за исчезната скопјанка

Трет ден, ни трага, ни глас од исчезната Лидија Трајковска од Скопје

Исчезна 43-годишната Лидија Трајковска, семејството бара помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првите вакцини преку КОВАКС во Македонија ќе пристигнат во март

Редакција

Какви се цените за користење на воениот полигон во Криволак

Редакција

Доктор Мехмедовиќ ги објаснува симптомите: Индискиот сој би можел да стане реалност кај нас во септември

Редакција