еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Џонсон Мети произведе 150 милиони производи во фабриката во Скопје

Компанијата Џонсон Мети произведе 150 милиони производи во фабриката во Скопје, информираат од таму.

„Ова значајно достигнување го преставува силното влијание на Џонсон Метив рз животната средина, затоа што секое трето патничко или товарно моторно возило во Европа содржи катализатор или филтер произведен во скопската фабрика.

Автомобилските катализатори на компанијата спречуваат штетните емисии да навлезат во животната средина, намалувајќи ги загадувачите како јаглерод моноксид (CO), јаглеводороди (HC) и азотни оксиди (NOx).

Катализаторите за контрола на емисиите спречуваат 20 милиони тони загадувачи годишно, што е еднакво на спречување на емисија на 40 тони загадувачи секоја минута секојдневно. Ова достигнување ја нагласува посветеноста на Џонсон Мети за одржлива иднина и почист воздух за сите,“ се додава во соопштението.

Боријан Борозанов, оперативен директор за Европа, вели дека овој јубилеј е доказ за посветеноста и напорната работа на тимот во Џонсон Мети Скопје.

„Нивната посветеност на иновациите и одржливоста водат кон почиста и посветла иднина за сите,“ додаде тој.

Фабриката во Скопје е отворена во 2009 година и вработува околу 900 луѓе на ниво на држава, што ја прави најголема фабрика на Џонсон Мети на глобално ниво.

Во Скопје, Џонсон Мети првенствено произведува катализатори за контрола на емисии клучни за намалување на штетните загадувачи од издувните гасови за дизел и бензин возила, придонесувајќи за почист воздух и поздрава планета.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина академик Луан Старова

Редакција

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Редакција

Ако сакате да патувате во Израел ќе Ви треба одобрение од ЕТА

Редакција