еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Окта и Џонсон Мети единствени компании од Македонија на ранг листата „ЈИЕ Топ 100“ во Југоисточна Европа

Две компании од Македонија се најдоа на ранг листата „ЈИЕ Топ 100“ на најголеми компании во Југоисточна Европа во 2022 година, објавена денес од „СиЊуз“ (SeeNews).

Хемиската компанија „Џонсон Мети“ е рангирана на 30. место со вкупни приходи од 2,5 милијарди евра, пораст од 19 отсто во однос на претходната година.

На листата се најде и рафинеријата „Окта“, која е на 99. место.

„ЈИЕ Топ 100“ ги рангира најголемите компании во Југоисточна Европа според вкупни приходи за фискалната година која заврши на 31 декември 2022. Публикацијата вклучува и ранг листи на најголемите банки и најголемите осигурителни компании во регионот.

-Покрај геополитичките турбуленции, високата инфлација и намалената побарувачка, најголемите компании во Југоисточна Европа имаа двоцифрен раст во приходите и профитот во 2022, покажува рангирањето „ЈИЕ Топ 100“.

Најголемите 100 компании во Југоисточна Европа ја завршија 2022 година со вкупни приходи од 223,9 милијарди евра, зголемување за рекордни 46 отсто во споредба со приходите на рангираните компании една година порано.

Растот на профитот е уште позабележителен, 63 отсто, на вкупни 10,3 милијарди евра.

Границата за рангирање, исто така, значително се зголеми во 2022 година, на 975,6 милиони евра од 699 милиони евра претходната година и е двојно поголема во споредба со 2012 година, прнесува „СиЊуз“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ инвестира во проширување и обнова на сопствените лозови насади

Редакција

М.Ж. Транспорт купува авиобилети за 1,2 милиони денари

Редакција

Убава вест: Излекувани 68 здравствени работници во Македонија, голем раст

Редакција