За само неколку дена има ново прегрупирање во најголемата македонска хотелиерска компанија, Македонијатурист АД Скопје. Друштвото е сопственик на хотелите Холидеј Ин, Карпош, Водно, Бристол, Јадран, Best western и Bellevue.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Скопски пазар“ од денеска е втор најголем акционер во „Македонијатурист“
Од вчера, како што објави еМагазин, еден од најголемите акционери е Скопски пазар АД Скопје, најголемата скопска компанија за издавање недвижен имот, која сега поседува 9,9% од акциите на Друштвото.
Скопски пазар ги купи акциите на тетовската градежна компанија Изо Стоне, која пред извесно време купи акции на Македонијатурист, кои преставуваа 6,62% од вкупниот број.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовската „Изо Стоне“ влезе во “Македонијатурист“
Претходно акционер со над 5% од акциите на Македонијатурист стана и М.Г. Фешн ДОО Скопје, која сега поседува 7,69% од вкупниот број на акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
М.Г. Фешн стана акционер со над 5% во Македонијатурист, поседува 7,69% од акциите
Доне Таневски и понатаму останува најголем акционер во Македонијатурист и поседува 23,4% од акциите.
Самото Друштво поседува 10% од акциите, но тие согласно законската регулатива се стерилизирани и не носат право на глас, ниту носат дивиденда.
Во акционерската структура на Македонијатурист покрупни акционери се и отворениот задолжителен пензиски фонд на Сава, кој поседува 8,8% од акциите и Симеон Павлов, кој поседува 8,2% од акциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соња Бибановска ги продаде акциите во Македонијатурист