Поранешен директор на ЈЗУ Општа болница Кичево присвоил ехо апарат од болницата, а кичевската полиција му поднесе кривична пријава.
Станува збор за С.Т. (49) од Кичево, а кривичната е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
-Тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024 година, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари, велат од Министерството за внатрешни работи.
Тој ехо апаратот не го ставил во употреба во услови на ковид пандемијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.