еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пациентка од Англија успешно беше оперирана во Клиника Жан Митрев

Никола Далас, пациентка од Англија успешно беше оперирана во Клиника Жан Митрев, информираат од таму.

По претходно неуспешниот ортопедски зафат, Далас патеше од силни болки во коленото и неможност за движење по што решава да го истражи приватното здравство и доаѓа во Клиника Жан Митрев.

Тимот ортопеди успешно направи целосна реконструкција на колено, вадење на имплант вграден во Англија и поставување нов, санирање пукнатина на предниот вкрстен лигамент и други тетиви, по што Никола Далас движејќи се патува дома.

„Откако возач ме пречека и донесе во Клиниката веднаш ми ги направија сите можни испитувања и ме уверија дека се е во ред и може да се направи операцијата. Мислам дека ме испитаа од глава до петици. Целиот персонал на болницата е брилијантен и сите се запознаени со состојбата на пациентот, секогаш знаат што не е во ред и што ви треба“, вели Далас за својот престој во Клиника Жан Митрев.

Долгото чекање термин и претходната неуспешна операција, ја натераа Далас да допатува во Клиника Жан Митрев од каде заминува движејќи се самата.

„Сега се чувствувам многу добро и иако овде сум среќна едвај чекам да се вратам на мојот нормален живот и рутина. Се ми се допадна тука, но најмногу грижата од персоналот и професионалноста во тоа што го работат. Повторно би се вратила тука, доколку имам потреба и Клиника Жан Митрев би ја препорачала секому“, додава Далас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најмалку 28 рудари загинаа, а околу 50 се заробени во рудник за јаглен во Турција по експлозија на трансформатор

Редакција

Мицкоски побарал вонреден конгрес за да се гласа за негова доверба, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одбил

Редакција

Македонија доби нова Влада, кој сѐ е во неа

Редакција