еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Концертот „Македонијо во срце те носиме“ е распородаден

По речиси две години концерти низ сите поголеми градови ширум земјата, некои од најубавите патриотски песни отпеани од Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски, публиката ќе има можност да ги чуе уште еднаш, во придружба на симфониски оркестар и овојпат на сцената во Филхармонија.

Освен веќе добро познатите 12 нумери меѓу кои „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Оган да го гори“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“… публиката ќе има можност да слушне уште три нови преработки, и тоа „Како пиреј“ во изведба на Ламбе Алабаковски, „Молитва“ ќе ја отпее Бојана Скендеровски, а „Има една земја сонце што ја грее“, Сузана Спасовска и Александар Тарабунов.

За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

„Влезници за саботниот концерт веќе нема, односно концертот е распродаден што доволно говори за тоа дека публика за убава македонска музика има,“ велат од Скендеровски продукција.

Оттаму најавија дека сите средства од продажбата ќе бидат насочени во хуманитарни цели.

Низ целиот музичко-драмски перформанс, кој ќе се одржи на 7. декември во Филхармонија, публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Строго доверливо“: Владата не смее да ја открие цената на вакцините од „Фајзер“

Редакција

Ќе „вриштат“ телефоните за постизборни математики: Левица и ДПА пресудни за нова Влада?

Редакција

„Ако не им се свиѓа да се извршители во Македонија нека се иселат“: Твитер реакции

Редакција