еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Само во Македонија: Државата нема пари за нови инспектори, а плаќа над илјада луѓе што не одат на работа

Небулозите во Македонија станаа секојдневие, а последен пример за тоа е одлуката на Министерството за финансии да го одбие барањето за вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Директорот на ДПИ, Стојко Пауновски вчера на прес-конференција јавно се пожали дека инспекторатот нема доволно инпектори за да го контролира почитувањето на мерките против Ковид-19.

„Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги користиме за излегување на терен и дење и ноќе во зависност од нивната смена, денеска Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ)“, истакна вчера Пауновски.

Тој додаде дека до крајот на годината се очекува 37 инспектори да заминат во пензија, а дека новите примени од пред година-две се уште се на обука пред да излезат на терен.

Иронично е што одговорните во извршната власт одбиваат вработување на нови инспектори, а истовремено од буџетот трошат милиони евра за плати на луѓе што не одат на работа.

Тоа го покажа неодамнешното истражување на „Пина“ и „Институтот за комуникациски студии“ во кое се вели дека Македонија е најверојатно единствената земја во светот каде што во Владата постои Министерство во кое се ангажирани само 3 отсто од вкупниот број вработени.

„Такво е Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците коешто троши огромни суми пари на граѓаните за плати на луѓе коишто не одат на работа.    

Година и пол по формирањето, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците сѐ уште е во фаза на просторно консолидирање и кадровско екипирање.

Иако на платниот список има околу 1.400 формално вработени лица, сепак, моментално, според информациите што ги добивме, во рамките на Министерството реално работат 44 лица“, се вели во истражувањето.

Неизбежно е прашањето какво е образложението на Министерството за финансии и на Владата за оваа нелогична состојба и зошто тие луѓе не се ангажираат во Државниот пазарен инспекторат кога веќе земаат плата за да не одат на работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немаме доволно инспектори, а Министерството за финансии го одби барањето за 20 вработувања, се пожали Пауновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Црните листи“ на САД и Обединетото Кралство влегуваат во македонското законодавство

Редакција

(Фото) Македонскиот топ модел Елена Реи заблеска во новата кампања на ексклузивниот бренд Chopard

Редакција

Нови 298 случаи на Ковид-19 од 2.831 тестирања

Редакција