Трагедијата во неготинското село Црвени Брегови е во фокусот на јавноста. Таму во мала куќа која била импровизирана џамија пред неколку дена беа пронајдени починати три лица, од кои едното е на возраст од 14 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
14-годишно дете и двајца возрасни пронајдени мртви во импровизиран верски објект во неготинско
Од полицијата информираа дека се работи за 14-годишно момче од селото, чии иницијали засега не се познати, како и лицата Ј. Ј. (71) од Битола и Ф. Е. (66) од Ресен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на трите починати лица во неготинско, меѓу кои е и дете на 14 години
Од Јавното обвинителство меѓудругото информираа дека на нивните тела не се најдени траги на насилство и дека се испитува исправноста на плискиот уред кој се користел за греење.
Жителите на селото за Сакам да кажам велат дека лицата биле оџи, а детето кое е од селото, одлучило да преноќи во објектот со нив и покрај предупредувањата дека во просторијата, која се користела за верски обреди со години, се чуствувал мирис на плин.
Починатите ги нашле жителите на селото. За да влезат во објектот го скршиле прозорецот, бидејќи вратата била заклучена од внатре. Кога влегле, како што раскажуваат за СДК, тежок мирис на плин ги „удрил во глава“ и виделе дека починатите се задушиле.
Еден од починатите ползел до вратата, детето било испружено среде соба, а третото лице било покриено со ќебе.