еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за Бајрами, го оштетил буџетот на Државна лотарија за осум милиони евра

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, денеска поднела кривична пријава против Прпарим Бајрами, поранешниот генерален директор на државното акционерско друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Македонија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот законик.

Бајрами о својство на генерален директор на Лотарија во текот на 2023 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања, информираа од таму.

– Иако бил свесен и знаел дека АД Државна Лотарија не располага со право за приредување електронски и интернет игри на среќа, односно истото во целост било внесено како основачки влог при основање на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија – Касинос Аустрија ДОО Скопје со Договорот за основање од 12.12.2013 година, склучен за временски период од 15 години, согласно член 34 од Законот за трговски друштва и член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, пријавениот П.Б. донел одлука за спроведување на јавна набавка на најмногу 1.100 видеолотариски терминали со периферна опрема, од кои во текот на 2024 година набавил 825 видеолотариски терминали, се појаснува во соопштението.

Со оваа постапка, П.Б. го оштетил буџетот на Друштвото во вкупен износ од 501.319.119 денари, при што сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 став 4 в.в со став 1 од Кривичниот Законик на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен премиер и вицепремиер осомничени за криминалот во Државна лотарија

Претреси во домот на Груби и на Бајрами поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Метју Палмер: Билатералните прашања не треба да бидат пречка за пристапување кон ЕУ

Редакција

„Фармахем“ го доби тендерот на Клиничка болница Битола за набавка на реагенси вреден 200.000 евра

Редакција

МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати „францускиот предлог“

Редакција