Со парите од криминалот во Државна лотарија, вреден осум милиони евра, меѓудругото се купувале и имоти во земјава и странство, откри во интервју за за Алсат М, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали
Тој рече дека станува збор за многу тежок криминал во овој случај, во кој двајцата главни осомничени се поранешниот прв вицепремиер и министер за политички ситем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, и двајцата недостапни за органите на прогон.
„Се прибираат многу сериозни индиции, многу докази, голем број докази, така што овој случај навистина ќе биде еден од најинтересните случаи од гледна точка на белосветскиот криминал што сме го имале во историјата на Македонија“, вели Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Запрашан да ја коментира хипотетичката ситуација доколку Груби евентуално има албанско државјанство, што би претставувало проблем за негово екстрадиција, Тошковски вели дека доколку тој е на негово место, нема да биде многу среќен и сигурен, особено поради тоа што Груби е на „црната листа„ на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?
Зарем е можно во ДУИ да не знаеле за криминалот на Груби, од кој сега се оградува партијата
Фото: МВР