На 16.10.2018 година околу 11.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека 10-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во автобус број 3 на Јавното сообраќајно претпријатие на улица „Тодор Александров“, информира МВР.
Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите. По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.