еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пад на извозот од 5.8%

Државниот завод за статистика соопшти дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7.216.6 милиони евра и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10.126.5 милиони евра, што е за 0.6 % помалку во споредба со 2023 година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024, изнесува 2.909.9 милиони евра,а покриеноста на увозот со извоз е 71.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гранит со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција

Граѓаните „чуваат“ 1,2 милијарди евра во Комерцијална банка

Редакција

Ќе го “сруши“ ли овојпат Кастриот Реџепи мнозинството во Собрание?

Редакција