Денеска беше пуштен во употреба експресниот пат Градско-Дреново, кој е дел од Коридорот 10д.
За негова изградба се потрошени 37 милиони евра, од кои над 70% се пари од фондовите на Европската унија.
Делницата почнува кај клучката Градско, а завршува кај клучката Дреново.
Неговата изградба почна во 2017 година.
Денеска во употреба беше пуштен и еден километар од делницата Дреново-Фариш, а по останатите девет километри од овој пат ќе може да се вози за неколку месеци.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.