еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сведокот Трајковски се уште недостапен, одбиено барањето на Палевски за изземање на Стефановски

На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, беше одбиено барањето на прообвинетиот Љупчо Палевски Палчо за изземање на претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, кој го води судскиот процес.

Палевски на 20. декември лани, побара изземање на Стефановски, бидејќи, како што кажа, одбивал да даде наредба до СВР Велес за прибирање докази кои ѝ се потребни на одбраната на првообвинетиот за постапката.

На денешното рочиште повторно не се појави еден од клучните сведоци, Гоце Трајковски, син на Кираца Трајковска, која сведочеше пред извесно време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Трајковски за случајот за убиството на Вања и Панче во бегство, осомничен за пожар

Обвинителката Жаклна Крстевска-Јосифовска рече дека останува на ставот Трајковски да биде испитан пред судот и засега да не се чита неговата изјава дадена во Основното јавно обвинителството во текот на истрагата.

Во текот на судењето минатата година јавноста дозна дека Трајковски е во бегство, откако бил осомничен за предизвикување на пожар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски ќе побара изземање на Обвинителството, неговиот адвокат реагираше за презентираните снимки

Обвинителството презентираше снимки за движењето на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како беа спасени петмината македонски скијачи и сноубордери во Банско

Редакција

881 нови случаи на Ковид-19 од 2.902 тестирања, најмногу во Скопје 425

Редакција

Од понеделник со 4.000 вакцини ќе се вакцинираат вработени во МВР, АРМ, новинари, пожарникари, возачи, воспитувачи

Редакција