Собраниската Комисија за избори и именување изгласа Одлука за намалување на коефициентите за утврдување на платите на функционерите.
Според одлуката, коефициентот на платата на претседателот на државата, на претседателот на Собранието и на премиерот е намален од 3,92 на 3,47.
Потпретседателите на Собранието, претседателот на Уставниот суд, главниот државен ревизор и директор на Оперативно – техничката агенција (ОТА) сега ќе имаат коефициент 3,08, наместо 3,48.
Претседателите на собраниските комисии, координаторите на пратеничките групи, претседателот на Националниот совет за евроинтеграции ќе имаат коефициент од 2,85, наместо 3,22.
За платите на пратениците коефициент ќе биде 2,69, наместо 3,04.
Платата на министрите пак, ќе се множи со коефициентот 2,85, наместо 3,22, а истиот коефициент ќе важи и за судии во Уставниот суд и народниот правобранител.
Коефициентот за претседател на Државната изборна комисија пак ќе биде 2,69.
Платите на функционерите се определуваат така што просечната годишна плата од претходната година се множи со коефициент кој варира според сложеноста на работното место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето-плата во ноември 41.999 денари
Фото: Унсплеш