Службено возило БМВ на Министерството за односи меѓу заедниците, вредно 60 илјади евра, од времето кога истото го водеше бегалецот Артан Груби е пронајдено без неколку оргинални делови во сервисот „Авто лакер Буњо“ во Куманово.
Од фотографиите кои ги сподели Министерството се гледа дека левата предна врата и левото предно крило се демонтирани, а на нивно место се монтирани врата и крило во друга боја од некое друго возило.
Моторот од возилото е отворен и му недостасуваат делови. Предниот браник е демонтиран, двете брави од лева и од десна страна се целосно извадени, а извадени се и тапацирите од двете врати од лева страна.
Истото од сервисот не било вратено со месеци, а било однесено таму пред мај лани.
Сервисот не го вратил возилото на Министерството и покрај ветувањата, а потоа од таму воошто не одговарале на повиците, па Министерството решило да испрати свои службеници да го лоцираат.
Фото: Министерство за односи меѓу заедниците