еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Да помогнеме: 26-годишниот Виктор Николоски има тумор на мозокот, потребни се средства за операција во Турција

Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

„Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство.

За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е итна операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина,“ вели во својот апел, сопругата Александра.

Телефонски број за донација на

А1 143 467

Телеком 143 129

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut – ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар: Автомобил падна во Радика, три лица загинати, едно повредено

Редакција

Филипче му ветил на семејството на Верица дека ќе помогне за нивно вработување

Редакција

Уставниот суд утврди повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарот Стојановски во Собранието на 27 април

Редакција