Маж на возраст од 51 година загинал вчера при извршување на работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба.
Станува збор за З.Т. од Кичево, кој паднал и починал.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи неговото тело е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.