Таксист во Скопје рано утринава со автомобилот удрил во 22-годишна девојка, откако таа одбила да плати за такси 700 денари од Центар до Чаир.
„Околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, возачот од неа побарал да плати 700 денари, по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари.
Кога таа почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, а тој се вратил наназад и ја удрил. Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.