еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Да им помогнеме на Клаудија, Матеј и Дамјан, додека нивниот татко се бори да си го поврати видот

Да помогнеме на семејството да го преброди периодот додека Ѓоко се бори за својот вид за да може да си ги гледа децата и заработува лебот, да помогнеме на семејството да добие свое скромно, но прописно живеалиште, со што семејството ќе излезе од маѓепсан круг на сиромаштија, се вели во апелот на ecrowd.mk.

Ѓоко (36) од најрана возраст се соочувал со предизвици, живеејќи со својата самохрана мајка под кирија и борејќи се за егзистенција. Но, ова тешко детство го изградило како борец и работник, кој во секоја можност гледал начин да обезбеди подобра иднина. Пред десет години ја запознава Христина од Прилеп, со која создава семејство и денес имаат три прекрасни деца – Дамјан, Матеј и Клаудија. Сепак, судбината сурово се поигрува со нив.

Во 2024 година, додека работел во странство, Ѓоко речиси целосно го губи видот. Не само што станува неспособен за работа, туку и целото семејство се наоѓа во безизлезна ситуација. Набргу потоа, на Христина ѝ се открива суспектна состојба на дојките, а на 15 декември била подложена на итна операција.

Семејството е беспомошно. И двајцата родители се неработоспособни, додека трошоците за живот се големи,“  се вели во апелот.

Може да донирате ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во грчките учебници ќе се вклучи новото име Северна Македонија

Редакција

ЛДП не го бендиса предлогот на Заев: “Ако си се сакаат, нека си се земат“

Редакција

Клиника „Жан Митрев“: Закажување, тестирање и резултати за Ковид-19 во рок од 24 часа

Редакција