Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Најавено е конечно да сведочи Гоце Трајковски, кој до пред некој ден беше во бегство, откако беше осомничен за пожар во кафуле во скопска Кисела Вода. Тој сам и се предаде на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајковски е син на Кираца Трајковска, која веќе сведочеше, а е пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите, со кој заедно прегледувале снимки по нејзиното исчезнување.
Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска се изјаснија дека не се виновни.
Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена подоцна, на 3. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ