Обвинителката од Вишото јавно обвинителство, Наташа Крстевска Цалева, вчера со едногласна одлука на Советот на јавни обвинители беше избрана за шеф на оваа Обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таа ќе го води оваа Обвинителство, додека трае кривичната постапка и додека е суспендиран вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
Хајрулахи беше суспендиран на крајот на јануари, а за него се води кривична постапка за малтретирање во вршење на службата и злоупотреба на службената положба и овластување.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Крстевска Цалева, кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала обвинител во Вишото јавно обвинителство.
Каков имот пријавила
На свое име нема недвижен имот.
На име на сопругот пријавила куќа во скопски Карпош.
Нема ни возило, а на име на сопругот пријавила возило Форд фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дисциплинска за обвинителите Хајрулахи и Цветановски