еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој сѐ е во владината делегација, предводена од Мицкоски, која ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Денеска германскиот град Минхен е во фокусот на светската јавност. Започнува Минхенската безбедносна конференција, на која се очекува да биде преставен американскиот мировен план за војната во Украина.

И Македонија има своја делагација, која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски.

Во истата се министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Конференцијата ќе трае до 16. февруари, а на истата според најавите треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.

Мицкоски, според најавите, се очекува да има средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со претседавачот на Минхенската конференција, амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и други политички лидери.

Тој ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западен Балкан, како и на панел дискусијата на Форин Полиси, каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски во Германија и повторно во САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на неделата променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Редакција

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Редакција

КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

Редакција