Претставници на најголемите трговски ланци и дистрибутери во државата денеска биле на средба во Министерство за економија и труд, каде што се разговарало за предлог-одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на 10% во трговија на големо и на 10% во трговија на мало на дел од основните прехранбени производи и средства за хигена.
Трговците и диструтерите дале свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира. На состанокот било договорено конечната одлука да се донесе во текот на следната недела.
Трговците велат дека од ограничувањето на маржата на 10%, штетите ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени.
„Нашето опстојување, е оптоварено и со останатите давачки, како на пример, цената на електричната енергија јануари 2024 – јануари 2025 е зголемена за 72%, за дистрибуција 25%.
Платите, во 2024 споредено со 2023 година се зголемени околу 20%, а од март ќе има ново покачување, а трошоците за платите се движат од 12 до 15%.
Освен овие, да ги споменеме и другите комунални давачки, сервисирање на опремата со која работиме. Сите овие оптоварувања, немаме можност да ги издржиме со бруто-маржа од 10%, односно нема да можеме робата да ја ставиме на рафт, а не да ги услужуваме нашите потрошувачи.
Односно, со 10% бруто-маржа, не можеме да ги покриеме оперативните трошоци, кои се движат од 15-20%,“ велат трговците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со намалување на маржата на 10%, не знаеме дали ќе опстоиме, велат трговците
Фото: Unsplash