Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.
Врнежите на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег, а во пониските од дожд кои повремено ќе преминуваат во снег.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен вдолж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец.
Слаб снег во планинските региони ќе има и во текот на ноќта.
Утринската температура ќе биде од минус 1 до 5 Целзиусови степени, а во текот на денот од 1 до 9 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, а на повисоките делови со услови за слаб снег. Во текот на денот ќе дува и слаб северен ветер. Темпертурата ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
За утре се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе биде од минус 3 до 5 степени наутро, а во текот на денот од 1 до 7 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash