еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонијатурист доби нов Надзорен, Доне Таневски не е повеќе претседател

На вонредното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје вчера беше избран нов состав на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото, информираа од таму преку Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе добие ли денеска Македонијатурист нов Надзорен одбор?

Нови членови се Горазд Поповски, независен член, Сашко Бошков, Олга Павлова и Горан Марковски, независен член.

Отповикани се претседателот на НО, Доне Таневски, Владо Богдановски, Верица Хаџи Василева-Марковска, независен член и Ѓорги Јанчевски, независен член.

Вонредното Собрание го свика најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје.

Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав надоместок ќе земаат новите членови на Надзорниот одбор на Македонијатурист

Чезакомерц купи нови акции на Македонијатурист

Современ дом повторно купи акции на Македонијатурист

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 8.111: Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје најмногу

Редакција

Град Скопје на авионски превоз и осигурување ќе потроши 73.000 евра

Редакција

77% од корисниците не ја знаат постапката за рекламација кај поштенски оператор

Редакција