еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонски Стокомак наскоро ќе отвори маркети во пет градови во Србија

Македонскиот ланец на маркети Стокомак наскоро отвара маркети во пет градови во Србија.

Како што велат од таму за retailserbia.com, маркети ланецот ќе отвори во Пирот, Ниш, Парачин, Лесковац и Панчево.

Тоа е само првата фаза од експанзијата на ланецот на овој пазар, кој е во завршна фаза од преговори за отварање на маркети и на други локации.

Првиот маркет се планира да се отвори кон крајот на март или почеток на април, па во следните неколку недели да ги отвори сите.

Стокомак е основан во 1997 година и има над 70 маркети низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е македонскиот ланец Стокомак, кој влегува на српскиот пазар

Фото: Стокомак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија вели дека нацрт мировниот договор предложен од Украина е „неприфатлив“

Редакција

М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив

Редакција

Катерина и Димитар немаат соба и купатило, да им помогнеме за нормално детство

Редакција