еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реконструкција на седум операциони сали и роботска хирургија во ГОБ „8 Септември„ до октомври

Реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје предвидува реконструкција на хируршкиот дел со површина од 2.000 метри квадратни.

Со истата ќе биде опфатен оперативниот блок од седум хируршки сали – две за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една сала за уво, нос и грло, една за очна хирургија и една нова – за роботска хирургија.

Сите сали ќе имаат најнова опрема, хируршки маси, машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори и друг инвентар.

Предвидена е и интензивна нега на површина од 500 метри квадратни, седум целосно опремени боксови за пациенти со најсовремени кревети, линиски поставени со централно мониторирање од страна на медицинскиот персонал, придружни простории од 800 метри квадратни, стерилизација, биохемиска лабораторија, микробиолошка лабораторија и патолошка лабораторија.

Реконструкцијата предвидува и целосна санација на кровот на болница и поставување на ефикасен систем на греење и ладење на болницата.

Истата треба да да заврши до октомври, а станува збор за инвестиција од 12 милиони евра, средства обезбедени од договорот за концесија со ТАВ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

12 милиони евра ќе чини реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје

ГОБ „8 Септември“ ќе стане регионален центар, нов Клинички нема да има затоа што населението старее, рече Клековски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 14 пунктови ќе се врши тестирање, проценките ќе ги вршат и матичните лекари

Редакција

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Редакција

Во М-НАВ вработени роднини на Османи, Груби, Николовски, Незири, Аљими, Буши, објави КОД

Редакција